Здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, е критична по операцијата, тврди американски службеник со директни информации, пренесува СИ-ЕН-ЕН.
Ким неодамна ја пропушти прославата на роденденот на неговиот дедо на 15 април, што предизвика шпекулации за неговата здравствена состојба. Тој беше виден четири дена пред тоа на состанокот на владата.
Друг официјален претставник на САД изјави во понеделникот за Си-Ен-Ен дека загриженоста за здравјето на Ким е веродостојна, но сериозноста е тешко да се процени.
Дејли НК, онлајн весник со седиште во Јужна Кореја со фокус на Северна Кореја, известува дека Ким, наводно, поради пушењето имал процедура на кардиоваскуларен систем на 12 април.
Според сајтот за вести, Ким имал процедура на кардиоваскуларниот систем поради „прекумерно пушење, дебелина и прекумерна работа“ и сега се лекува на третман во вила во округот Хиангсан.
Откако процениле дека состојбата на Ким е подобрена, повеќето лица од медицинскиот тим кои го лекуваат, се вратија во Пјонгјанг на 19 април и само дел од нив останаа да ја следат неговата состојба за закрепнување, наведува истиот извор.