Американската старлета Ким Кардашијан објави фотографија од 1994 година на која има само 14 години позира на балкон во костим за капење на егзотична локација.
Контроверзната Ким Кардашијан често го привлекува вниманието и на медиумите и на јавноста, а овој пат се фокусираше на фотографија од нејзината младост која во најмала рака ги шокираше сите нејзини фанови, но и пошироко.
Имено, на својот инстаграм-профил Ким објави фотографија од 1994 година на која има само 14 години. Без никакви процедури и зафати на естетската хирургија, тинејџерката Ким едноставно изгледа прекрасно, а многумина во коментарите истакнаа дека неверојатно личи на нејзиниот татко.