Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во врска? (ФОТО)

by Тони Зографски

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во романтична врска, според многубројни странски медиуми кои го следат секој нивен чекор.

Популарната риалити ѕвезда и бизнисменка и успешниот возач во „Формула 1“ беа фотографирани додека заедно пристигнуваа во луксузна резиденција во Котсволд, а потоа и во Париз.

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон

Папараците не пропуштија да овековечат дека и двајцата пристигнаа заедно во Градот на љубовта и светлината со приватен авион, а потоа се чекираа во ист хотел.

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон


Ким во Париз ја промовира соработката на нејзиниот бренд SKIMS со Nike.

Ким Кардашијан
Ким Кардашијан

Се шпекулира дека парот започнал да се состанува на крајот на минатата година. Хамилтон е долгогодишен пријател на семејството Кардашијан.

По разводот од Кание Вест, Ким беше во врска со комичарот Пит Дејвидсон и спортистот Одел Бекам Џуниор.

Хамилтон, пак, претходно беше во долга врска со Никол Шерцингер, а љубовно е поврзуван со многу славни имиња како Ријана, Рита Ора, Софија Ричи и Шакира.

останати вести