Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили кој веќе подолго време живее во Еквадор, на последната негова објава на Фејсбук постираше фотка од внук му Аниш Круз кој го има од неговата помала ќерка Јоана.
-Внук мој најсладок- напиша Кили во прилог на фотографијата на која е осумесечниот Аниш Круз.
Инаку, Јоана се омажи со момче од Еквадор каде што живеат, а во јуни го добија малиот Аниш Круз.
Интересно е што за неколку месеци ќе се породи и постарата ќерка на сопругата на Кили, Гордана Деан, македонската актерка Нина Деан.