Португалската фудбалска звезда Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна девојка Џорџина Родригез тајно се венчале во Мароко, тврдат италијанските медиуми. Според магазинот „Novella 2000“, еден од најдобрите фудбалери во историјата, конечно се ожени со долгогодишната девојка Џорџина Родригез и тоа на тајна венчавка во Мароко.
Магазинот дознава дека двојката се венчала уште во мај годинава и тоа во Мароко, а организатор на свеченоста бил познатиот кикбоксер Бадр Хари кој е голем пријател на фудбалерот на Јувентус.
„Сфатив дека тие веќе се венчани на 29 август кога Кристијано во родната Мадеира направи договор со адвокатите за да ја заштити Џорџина“, изјави близок пријател на Роналдо.
Засега двојката не се огласи по тврдењата на магазинот „Novella 2000“.