Неодамна во Седар Сити, Јута, САД се случи бизарна приказна.
Неименувана жена застанала на бензинска пумпа за да оди во тоалет, несвесна што ја чека.
Таму налетала на вознемирена жена која ѝ подала порака на парче хартија – и ја замолила да ја предаде на полицијата. Така започнала приказната со филмски пресврт.
Веднаш ја вклучи камерата
„Таа ја отвори вратата, ми подаде парче хартија и ми рече: „Те молам дај го ова во полиција“.
Жената излегла од тоалетот и ја вклучила камерата на телефонот. Таа снимила маж како стои покрај Шевролет и вознемирена жена која без прашање влегла во неговиот автомобил.
Потоа решила да ризикува и да ги следи, да им ги сними регистарските таблички, а додека возела повикала полиција и им кажала што се случува, пренесува LadBible.
Што се случи?
Властите брзо реагирале и го запреле Шевролетот, забележувајќи дека жената на совозачкото седиште е вознемирена. 53-годишниот маж зад воланот набрзо бил уапсен.
Епилогот од драматичната приказна го забележал и случаен минувач, кој го запрел својот автомобил во близина.
Жртвата ѝ рекла на полицијата дека била во врска 25 години, и дека нејзиниот партнер ја возел на работа тоа утро – и одеднаш ја променил рутата. Ја обвинил дека го изневерува, ѝ го зел телефонот и, како што тврди, ја удрил со тупаница по лицето.
Тешки обвинувања
Откако бил запрен, мажот најпрвин покажал лажна лична карта, а кога му било кажано дека ќе биде приведен, тој признал дека вистинскиот документ е во неговиот паричник.
“Го запрев автомобилот и гледав сѐ од далечина. Сакав да се уверам дека жената е безбедна, дека полицијата не дозволува да ја одведат”, рекла случајната минувачка, која ја спасила киднапираната жена.
Локалните медиуми јавуваат дека мажот подоцна бил обвинет за киднапирање, напад, давање лажни информации и возење без дозвола.