Американската актерка Кејт Хадсон ги почестила следбениците на социјалните мрежи со опуштено утринско издание каде не се трудела премногу да сокрие. Се огласил и нејзиниот брат кој на убав начин и ставил до знаење дека не бил воодушевен од глетката што ја гледа.
Хадсон отсекогаш привлекувала внимание со својата убавина и витка линија, а своевремено се наоѓала и на листата на „100 најубави луѓе на светот“. Се чини дека и денес успева да ја задржи таа титула.
На фотографијата која ја сподели на својот Инстаграм, ѕвездата покажала како ужива во утринските моменти. Пиејќи кафе, таа позирала без шминка во топлес, додека брановите долга руса коса ги покриваат нејзините голи гради.
„Сонцето излезе“, напишала актерката која за неколку дена собра речиси половина милион лајкови.
Иако со нејзиното ослободување предизвикала воодушевување и бројни комплименти кои и ги дале Парис Хилтон, Мишел Фајфер, Селма Блер и други ѕвезди, нејзиниот брат Оливер не бил фасциниран од глетката што ја видел.
„Не“, напишал кратко.
Неговиот саркастичен коментар веднаш предизвикал бројни реакции, а многумина се согласиле дека љубовта брат-сестра е „посебна“ и дека реакцијата на Оливер е симпатична.
„Браќата се секогаш заштитнички настроени кон сестрите. Имам двајца и тие се однесуваат како да имам 5. години, но јас всушност имам 40.”, напишал еден корисник.
Инаку, 43-годишната актерка и нејзиниот две години постар брат се многу блиски, а често се шегуваат во јавноста и на социјалните мрежи, каде што Оливер најмногу ја „исмејува“ својата сестра.
„Имаме интересна динамика. Имавме возбудливо детство и колку и да имаше конфликти, секогаш бевме многу блиски”, објаснила актерката еднаш.
Кејт и Оливер се деца на Голди Хон и Бил Хадсон, кои се развеле кога тие се уште биле деца. Братот и сестрата немаат никаков контакт со својот татко, а ги израснала Голди и нејзиниот долгогодишен партнер Курт Расел, кого го сметаат за свој татко.
Фото: Принтскрин/Instagram