Легендарната манекенка од деведесетите Кејт Мос неодамна го прослави својот 50-ти роденден, а големиот ден го одбележа со забава во Париз.
Блиските пријатели и членовите на семејството со задоволство присуствуваа на нејзиниот голем настан, а вниманието на странските медиуми го привлече смелиот фустан што го носеше Кејт.
Познатата манекенка носеше провиден чипкан фустан, со боди во боја на кожа одоздола. Со тоа создаде оптичка илузија, а на прв поглед изгледаше како да носи само чипкан материјал.
Целото издание го комплетираше со свилена наметка, а забавата ја напушти во капут со раскошно крзно од нејзината пријателка Шарлот Тилбери.
Роденденската забава се одржала во луксузниот ресторан Laurent , кој има сопствен винарски подрум, а таа во француската престолнина пристигнала од Оксфорд со приватен авион. Како што наведе „Дејли мејл“, тоа патување чинело 10.000 долари.