Како и секоја мајка и Кејт Мидлтон секојдневно, поголемиот дел од времето го посветува на своите деца. Но, периодов на пандемија се одразило и на кралското семејство.
Мидлтон вели дека периодов е голем предизвик и за неа, со дополнителните обврски околу домот, покрај сите други одговорности што ги презела во текот на изминатата година откако таа и принцот Вилијам се преселија со своите деца во замокот „Anmer Hall“ во Норфолк.
Велика Британија се бори со вирусот, како и остатоткот од светот, така што децата таму засега следат настава од дома. Ова значи дека сите одговорности за проверка на домашните задачи, помош околу нејаснотиите со кои се соочуваат децата паднале на грбот на родителите, вклучувајќи ги и војводата и војвотката од Кембриџ.
39-годишната војвотка зборуваше на оваа тема во групен видео разговор, разменувајќи искуства со други родители. Кејт, откри кој предмет ѝ создава најголеми проблеми додека помага во решавањето на задачи на 7-годишниот принц Џорџ и 5-годишната принцеза Шарлот.
Мелиса Лусмор, директорката на училиштето „Roe Green“ во Лондон, ги замоли Кејт и другите родители да напишат еден збор што најдобро го опишува нивното родителство во време на пандемија, а зборот што војвотката го избра беше – „исцрпувачки“.
„Како родители, имаме секојдневни улоги, но претпоставувам дека за време на карантинот моравме да преземеме дополнителни улоги за кои претходно ни помагаа други луѓе од нашата заедница“, рекла Кејт.
Една од тие нови улоги им донела, како што вели Кејт, „ужас“ на нејзините деца, Џорџ, Шарлот и двегодишниот Луис.
„За време на карантинот станав фризер на моите деца“, откри таа, додавајќи дека нејзиниот сопруг ѝ бил најголема поддршка за време на пандемијата.
На прашањето како би ги оценила своите математички вештини на скала од 1 до 10, Кејт одговорила: -5.
Сите деца на родителите со кои разговараше Кејт одат учат во училиштето „Roe Green“ во Брент, кое Кејт го посети пред три години за да го започне својот проект за подобро ментално здравје во училиштата.