Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави на тенискиот терен во Лондон, каде што со победничката на Ју Ес Опен, Ема Радукану, одигра меч во парови. Изненадувачки за сите, таа на теренот се појави во спортска комбинација – тениски комплет составен од горна тренирка и мини здолниште. Веднаш се појавија коментари од Британците дека „толку кратко здолниште никогаш не облекла“ и дека се во шок.
И војвотката и тенисерката биле одлично расположени, а самите фотографии говорат дека и двете одлично се забавувале.
Инаку, Ема Радукану од потполно непозната тенисерка стана најголема сензација откако го освои турнирот Ју Ес Опен, а во финалето ја победи својата врсничка Лејла Фернандез од Канада.