Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја продолжуваат турнејата по Карибите, а во средата беа главни ѕвезди на гала вечера на Бахамите.
Војвотката од Кембриџ носеше прекрасен смарагдно зелен фустан од британската дизајнерка Џени Пакам, една од нејзините омилени дизајнерки чии фустани ги носела во многу прилики.
Зелениот фустан од тул ги откри рамениците на Кејт, а блескавите детали го привлекоа погледот кон нејзината половина, што дополнително беше нагласено со горниот дел.
Цената на фустанот е 4.500 евра, а Кејт носела обетки и нараквица со дијаманти и смарагди, кои ги позајмила од ризницата на кралицата Елизабета.