Филмската дива Кејт Бланшет, воодушевила со својата совршена модна комбинација која ги брише годините од лицето и не познава годишно доба за носење.
Холивудската актерка Кејт Бланшет била забележана на улиците на Лондон додека се движела кон местото за снимање за нејзиниот најнов филм „Black Bag“.
Актерката изгледала фантастично во изданието кое вклучувало кафеава и црна боја, до пред неколку години целосно заборавена комбинација која се смета за најпосакувана.
И баш како што оваа комбинација изгледа фантастично добро и моќно , така и на Кејт го пренела фантастичниот избор и моќен изглед.
Таа носела кафеава кожна јакна во сафари дизајн, со златни копчиња со симболика и класичен ремен којшто се смета за составен дел од јакната.
Посебно се истакнал комбинезонот во кошула стил, со крагна и појас. Самата констатација на кројот имала високи ногавици кои имаат моќен и софистициран изглед и кои ги „бришат“ годините од лицето.
Покрај тоа, ваквиот избор е одличен и за лето, доколку го искомбинирате со балетанки.
Актерката бојата на јакната ја искомбинирала со бојата на чизми на висока потпетица и додала доза експертизам во својот стајлинг.
Кејт докажала дека е стилизирана за чиста десетка и дека изгледа многу помладо од навистина што е.