Холивудската актерка Кетрин Зета Џонс позира целосно гола во чест на 80-тиот роденден на нејзиниот „роденденски близнак“ и сопруг, актерот Мајкл Даглас.
Двојката која е во брак од 2000 година, дели заеднички датум на раѓање, а оваа година решија да го одбележат и на социјалните мрежи.
– Во мојот роденденски костум! По повеќе од 25 години споделување на мојот прв роденден со мојот сопруг, немам идеи за подароци! Ова е подобра опција за подарок број два, топчиња за голф беа прва опција… се разбира – напишала убавата актерка позирајќи целосно гола на својот 55-ти роденден, без навестување за нејзината возраст.
Некое време пред оваа фотографија која ги запали мрежите, таа го честиташе роденденот и со една пообична објава, потсетувајќи се на нивната прва заедничка роденденска фотографија:
– Ова бевме на нашиот роденден пред 25 години! Те сакам со целото мое срце, нѐ сними нашиот пријател @jeanpigozzi во Њујорк! – напишала таа со фотографија од нивната средба.
И познатиот актер се огласи на социјалните мрежи за да го прослави роденденот на својата сопруга.
– На мојата роденденска сестра, те сакам со целото мое срце! Нека нашата нова година е најдобра! @catherinezetajones – напиша тој, на што Кетрин одговори во коментарите со: „Ти благодарам душо!!!
Парот, кој следната година ќе ја прослави 25-годишнината од бракот, има две деца – синот Дилан (23) и ќерката Керис (21).