Популарната пејачка Кети Пери потврди дека е бремена. Триесет и пет годишната пејачка во спотот за новата песна „Never Worn White“ откри дека го очекува првото дете со вереникот, актерот Орландо Блум.
Кратко по премиерата на нејзината нова песна и спот, каде се гледа трудничкото стомаче, Кети на Твитер ги потврди вестите дека е бремена.
Кети и Орналдо се заедно од 2016 година, а се верија во февруари 2019. Во ноември, актерот истакна дека сака да има повеќе деца со пејачката
Инаку, Орландо Блум е веќе татко на 9 годишен син кој го има со поранешната сопруга Миранда Кер.