Кети Пери и Орландо Блум се на летен одмор на Сардинија. Славниот пар уживаше под топлите сончеви зраци заедно со ќеркичката Дејзи.
39-годишната пејачка и 47-годишниот актер со 3-годишното девојче се разладуваа во бистрите морски води, а овој семеен момент беше „уловен“ од папараците.
Кети и Орландо започнаа да се состануваат на почетокот од 2016 година, а се верија на 14 февруари 2019 година. Нивната ќеркичка Дејзи се роди во 2020 година.
Орландо има и 13-годишен син со моделот Миранда Кер.