Една од вработените во популарен ресторан во Колумбија, го снимила шефот како сексуално ја вознемирува на работното место. Видеото им го покажала на роднини и пријатели, па тие го претепале.
Сопственикот на ресторанот, Карлос Ескивел, ја повикал девојката во канцеларија, па почнал да ја допира без нејзина согласност. Таткото на девојката бил уапсен откако на Карлос му нанел тешки повреди. Медиумите пренесоа дека сопственикот и претходно ги малтретирал некои од неговите вработени девојки.