Во средата во Њујорк се одржа светската премиера на серијата And Just Like That …, продолжението на култната серија Сексот и градот. Целата актерска екипа се појави на премиерата.
Сара Џесика Паркер пристигна со сопругот Метју Бродерик и синот Џејмс. Актерката за оваа прилика облекла сив фустан со кој искомбинирала наметка во иста боја и розови чевли.
Нејзината колешка Синтија Никсон пристигна во портокалова модна комбинација, додека Кристен Дејвис се одлучи за елегантен темносин фустан.
Рестартот на серијата „Сексот и градот“ има премиера денеска на HBO GO, кога пристигнуваат две епизоди. После тоа, секој четврток ќе се нуди нова епизода, а ќе има вкупно 10.
Покрај Сара, Синтија и Кристен, во серијата глумат и Сара Рамирез, Сарита Чудхури, Никол Ари Паркер, Карен Питман, Крис Нот, Марио Кантоне, Дејвид Ајгенберг, Вили Гарсон и Еван Хендлер.