Актерката Сара Џесика Паркер не планира да се повлече од улогата на Кери Бредшо, колумнистката од серијата “Сексот и градот“. Таа на својот Инстаграм профил постави тизер – видео кое е омаж на легендарната Кери, која и донесе планетарна слава.
“ Мојата стара пријателка. Повторно на кратко ќе се појави. Се здружила со одличен бенд, кој има цел за кој сите се грижиме. Наскоро поопширно“ – напиша Сара покрај видеото.
За потсетување, Сара Џесика Паркер последен пат во улогата на Кери се појави во 2010 година кога се снимаше второто продолжение на “Сексот и градот“. Иако беше планирано и трето продолжение, тоа не се случи поради тоа што Ким Катрал не се сакаше повеќе да ја глуми Саманта Џоунс.