Кендал Џенер се појавила на црвениот тепих без градник и без гаќички, но сите се прашувале нешто друго…
Манекенката која има армија следбеници на Инстаграм и е една од членовите на моќното семејство Кардашијан-Џенер, Кендал, се појавила на свеченоста на „LACMA Art+Film“ галата која била одржана во саботата во Лос Анџелес.
Покрај Селма Хајек која изгледаше фантастично и која одвај го „скротила“ своето бујно деколте, Кендал привлекла внимание кај публиката со својата убавина, но и необичниот стилски избор.
Инаку, манекенката претходно открила како ја одржува својата линија на тело и што најмногу сака да јаде.
Атрактивната бринета многумина ги натерала да размислуваат додека чекорела по црвениот тепих во креацијата која тешко може да се опише.
Целосно провиден материјал и горен дел којшто открил дека убавицата не носи градник, но градите ѝ биле покриени со црни апликации.
Тоа што многумина ги збунило се двете издолжени ленти во пределот на долниот дел од стомакот, а никој не можел да сфати која е нивната цел, а доколку тие се само моден детаљ тогаш зошто се поставени на толку чудно место?
Ништо помалку не било необично ниту сивото здолниште кое било како продолжение на провидната блуза.
Струкот бил поставен многу ниско, до таа мера што ја „издал“ манекенката дека не носи гаќички.