Социјалните мрежи беа преплавени со коментари за келнерка која добила речиси 900 долари бакшиш откако исполнила чудно барање од еден гостин, пишува „Унилад“.
Тиктокерката Скарлет Грин пред неколку дена објави кратко видео во кое раскажува дека на 27 јануари, гостин дошол во барот каде што работи и нарачал пет чаши пиво, 10 пилешки крилца, со малку сос на страна.
Нарачката на гостинот чинела 30,26 долари, но на крајот тој додал бакшиш од дури 900 долари. Скарлет ја потврди приказната со фотографијата од сметката која ја објави во видеото.
Сепак, гостинот имал посебно барање за девојката. Скарлет тврди дека клиентот ѝ рекол: „Леле, колку убаво, дозволи ми да направам фотографија“.
На селфито кое Скарлет го објави, јасно се гледаат плетенките направени од нејзината долга, руса коса, кои гостинот очигледно сакал да ги фотографира.
Скарлет јавно му кажа на гостинот дека може слободно да се врати. Видеото набрзо стана вирално и доби бројни коментари.
„Мислам дека петте пива имаа врска со тоа“; „Буквално би се фрлил на подот ако некогаш ми се случеше ова“; „Ова ми го стопли срцето, како услужлив работник го заслужувате тој бакшиш 110 проценти“; „Невозможно! Го молам Бога да ми се случи ова“; „Ова е навистина загрижувачки, но нека заработи девојката“.
Во едно друго видео, Скарлет објасни дека „секогаш носи плетенки“ кога работи во барот, бидејќи „старите мажи сакаат девојки со плетенки и малку селски акцент повеќе отколку што треба“.