Славните холивудски актери Деми Мур и Џон Траволта се во врска, – пишуваат американските шоубиз медиуми.
Деми и Траволта во последно време поминуваат многу време заедно, а гласините за нивната љубов се поткрепени со приказната на келнерка од ресторан во Флорида каде што биле заедно.
„Седеа на маса во аголот, осветлена само со свеќи. Изгледаше многу романтично, тие многу се смееја, па дури и се држеа за рака“, изјави келнерката за странските медиуми.
За да бидат работите уште поинтересни, се шпекулира дека ги споил нејзиниот поранешен сопруг, актерот Брус Вилис.
Имено, Брус и Траволта се пријатели многу години. Наводно Вилис му предложил да ја запознае Деми кога му признал дека е подготвен за нова љубов по смртта на неговата сопруга, актерката Кели Престон.
Деми последниве неколку години не криеше дека сака помлади и токму затоа беше во брак со Ештон Кучер. Времето го минуваше во врски со Мартин Хендерсон, Хери Мортон, Џон Фрајдер, а наводно и со Ник Џонас кој е денес во брак.
Траволта призна неодамна дека е подготвен за нова љубов, а Брус Вилис го охрабрил да и се јави на неговата бивша сопруга. Џон 28 години беше во брак со Кели Питерсон која почина пред една година после двегодишната борба со рак на дојката. Во бракот добија три деца, исто колку Деми и Брус за време на 13-годишниот брак.