Едно кафуле во Јапонија отпуштило келнерка откако ја обвинила дека ја мешала сопствената крв во коктелите кои ги сервирала.
Кафулето „Mondaiji“ во јапонскиот град Сапоро на Твитер објави дека отпуштиле една од нивните келнерки откако таа ја измешала сопствената крв во пијалоците на клиентите.
Пијалоците кои се нарекуваат орикаку или оригинален коктел, најчесто содржат овошје и разни шарени сирупи, пишува „Инсајдер“.
Од кафулето истакнале дека ваквото однесување за нив е апсолутно неприфатливо.
Сопственикот на објектот додал дека кафулето било затворено еден ден за да ги замени сите чаши за пиење и им се извини на клиентите за инцидентот.
„Ќе ја исчистам кафетеријата, ќе ги сменам чашите и ќе го фрлам алкохолот што можеби бил контаминиран. Уште еднаш многу ми е жал што ви направив проблеми“, рече тој.