„Не присуствуваше ниту еден македонски политичар.
Не беше обезбеден превод на македонски јазик за присутните новинари и пошироката јавност.Претседателе и премиере ќе одговорите ли јавно и гласно дали вака се гради соживот?Ваша обврска е јавно да побарате одговорност од политичарите кои го организираа настанот за непочитување на законите.

Овие политичари мора да покажат минимум лојалност и почит кон државата во која живеат, работат, опстојуваат и од која го јадат лебот.

П.С. Патем не е лошо да одговорите во која држава Чаир е општина“, напиша Кекеновски.