Додека пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски оддржуваше прес конференција пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ со барање сите инволвирани во случајот Титаник да поднесат оставка, упадна портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски. Бидејќи Каевски го игнорираше и продолжи со прес-конференцијата, Стоилковски му се обрати со „дечко“ и праша како направил четири милиони, како купил куќи и станови.
„Кај ти е Зоран Заев, кај ти е Ден Дончев бе братче?… Кажи како направи четири милиони и дали ти се во една или повеќе банки. Брза и ефикасна истрага како Дарко Каевски на 30 години има 4 милиони во банка“.