На социјалните мрежи се шири видео снимка од вчерашниот инцидент на галијата, која ексградоначалникот Петре Шилегов започна да ја руши.
Додека двајца мајстори утрово работеа на демонтирање на галијата се појавува човек кој се претставува како газда и со повишен тон им вика „Петре изгуби, нема судска пресуда, кој ве прати вас, кој ви е газда,одма соберете се и да си одите. Сте ми направиле еденипол милион штета, ајде одете си, да не ве видам тука – вели човекот кој се преставува како газда, а според написите во медиумите галијата е на име на бугарски бизнисмен.
Потоа тројцата работници тргнуваат кон скалите на галијата, а газдата замавнува со клоци и им се заканува со пцости: „Кај Петре да одите, пи*ка ви матер“.