Поранешната балерина Јаела Вонк заработува околу 90.000 долари месечно од продажба на својата долна облека и чевли за танц. Јаела живее во Шпанија, а продажбата на фотографии и долна облека ја започнала за време на пандемијата на коронавирусот.
„Многу сум тажна што некои компании банкротираа поради коронавирусот и многу ми е жал за многумина од нив кои поради оваа ситуација останаа без работа и пари. До неодамна танцував на големи сцени нив светот – посебно на Ибица, каде клубовите моментално не можат да се отворат додека не се пронајде вакцина. Многу мои колеги останаа без работа“, рекла за „The Lady Bible“.
Најпрвин започнала со продажба на фотографии, а фановите наскоро почнале да бараат и нејзини користени гаќи, градници, чорапи и чевли за танц.
„Продавам толку многу што немам што да ставам во машината за алишта“, раскажала таа.
„Заработувам околу 90.000 долари месечно. Наскоро ќе си купам и куќа. Порано не можев ниту да сонувам за тоа“, вели Јалеа.
https://www.instagram.com/p/CBLn3ofB6SI/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/CAwTBZvhhLE/?utm_source=ig_web_button_share_sheet