Кај неа нема ништо умерено, дури и кога се работи за новогодишната декорација: Ким Кардашијан го украси својот дом (ФОТО)

by Тони Зографски

Од година во година, Ким Кардашијан ги поместува границите кога станува збор за украсување на нејзиниот дом од 1.400 квадратни метри пред новогодишните празници.

Како и секогаш, тоа предизвика лавина коментари и сигурни сме дека многумина ќе посакаат ваква елка во својот дом.

Оваа година, минимализмот е во тренд кога станува збор за празничното украсување на куќата, но Ким и минимализмот дефинитивно не одат заедно, па така таа решила да го приспособи овој тренд на себе.

Имено Кардашијан ги украсила елките само со светилки, што е во согласност со овој тренд, но наместо една елка, решила да внесе цела шума во куќата.

Низ целата куќа има новогодишни елки, украсени само со едноставни светилки и вештачки снег. Речиси е невозможно да се избројат елките во домот, но атмосферата се чини топла и опуштена.

останати вести