Доктор Флорин Бесими бил 11 години в.д. директор на Тетовската болница, а оставката која ја понуди два дена по трагичниот настан во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица, а 12 беа повредени, уште не ја доставил до Министерството за здравство, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство
Comments are closed.