Во просториите на поранешната гостилница „Кај Злате“, денеска се отвори првиот Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години. Центарот „Пролет“ ќе работи секој ден од 8 до 16 часот, а лицата ќе бидат во придружба на координатор. Нив два пати неделни ќе ги посетува лекар, дефектолог, психолог и социјален работник.
На отворањето присутни беа Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева- Пауновска како и градоначалниците на Град Скопје и на Општина Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, со чија поддршка поранешниот ресторан е даден на користење на возрасните лица со инмтелектуална попреченост.
На отворањето на дневниот центар посебно му се израдуваа оние за кои истиот е наменет.
23 годишниот Леон, со возбуда зборува за неговите очекувања и дружбата која се надева дека ќе ја има тука. Тој досега го посетувал центарот „Порака“, но според зборовите на неговата мајка, таму бил несрече, бидејќи имале ограничени активности, и како што вели, по цел ден беа затворени.
„Јас едвај чекам да дојде 15ти декември, бидејќи ни кажаа дека од тогаш ќе можеме да доаѓаме. Се радувам што ќе имам каде да се дружам со пријателите, и да научам нешто ново, ни рече Леон.