Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дефинирала нови мерки, единствено разговарале за можно отворање на кафулињата.
Како што дознава Фактор.мк. оттаму велат дека угостителските објекти, кафулињата најверојатно ќе бидат отворени во петок, најдоцна во сабота, но напоменуваат дека утре дефинитивно ќе се знае.
Истовремено полицискиот час до 19.00 за сега останува на сила.