Кафето Brew Lab во Пенрит, Австралија продава некои од најдобрите кафиња, вклучително и специјално направено од зрна одгледани на 1.700 метри надморска височина покрај вулкан во Панама.
Сепак, клиентите мора внимателно да го испланираат своето уживање во кафето бидејќи кафулето го нарачува само откако клиентот ќе го побара тоа, за да се обезбеди свежина. Тоа значи дека се потребни околу две недели за да пристигне.
„Потоа стапуваме во контакт со момците во Панама, тие го печат кафето само за таа прилика и потоа го испраќаат со приватен авион“, објасни сопственикот на Brew Lab, Мич Џонсон за австралискиот 9News.
Убавото патување на специјалното кафе без сомнение ја зголемува неговата вредност од 1.500 австралиски долари или 920 евра. Зрната од ова кафе се со врвен квалитет и се оценети над 90, што е ознака што го одредува почетокот на прагот на рангирањето на најдобрите зрна.
Штом ќе пристигнат зрната, тие се подложени на прецизен процес на подготовка во лабораторијата, кој вклучува претходно навлажнет филтер и вода зовриена на точно 94 степени Целзиусови. Кафето поминува низ неколку процеси на точење, секој совршено темпиран за да се обезбеди совршен вкус.
После сето тоа, време е за голтка. Дали вреди толку пари? Можеби тоа е ако сакате да пиете чај. Да, добро прочитавте.
„Повеќето луѓе, кога го пијат ова кафе, велат дека првиот впечаток им е дека тоа повеќе личи на чај отколку на кафе“, објасни сопственикот, додавајќи дека вкусот е толку добар што носи солзи радосници.
Но, во ова кафуле има и поевтини кафиња, но сепак се многу поскапи од просечните.
„Многу клиенти доаѓаат кај нас еднаш неделно за да ги пробаат нашите кафиња од 100 или 200 австралиски долари (околу 60 или 120 евра)“, откри сопственикот.