Во калифорнискиот град Кембел се отвори кафуле, во кое келнерките ги послужуваат гостите облечени во долна облека или бикини. „Pink Pantherz Espresso“ некои го нарекле „навредливо“ и „одвратно“ кафуле, уште првата недела од неговото отворање.
„Се наоѓа точно помеѓу две основни училишта, недалеку од градинка… Навистина одвратно“, напишала една жена на локалниот форум.
„Ова не е нешто што сакам моите синови да го гледаат. А пак што зборува за нашите ќерки…“, се надоврзала друга.
Други сепак немаат проблем со овој локал.
https://www.instagram.com/p/BuKqcBlhkFG/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
„Ако не сакате тоа да го гледате, едноставно не доаѓајте“, рекол Гери Колуци, од Кембел, кој најавил дека наскоро ќе оди таму за да испие кафе.
Инаку, ова не е прв пат сопственикот на оваа франшиза на кафулиња да се соочи со такви приговори. Истото се случило кога ги смениле имињата на коктелите во нивните други кафулиња со имиња како „Соблекувач на гаќи“ и „Предигра“.
https://www.instagram.com/p/BuMsqfBBeq1/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
„Сите девојки што работат кај нас, знаат во што се впуштаат. Ако работите во канцеларија и таму постои dress code. Да, јас послужувам пијачки во бикини, но не покажувам ништо повеќе од она што би видело некое дете на базен или на плажа“, рекла менаџерката на кафулињата, Сара Перин.