Откако Владата донесе мерки со кои ги затвори сите кафетерии, ресторани, молови, бензинските пумпи останаа како собиралиште за граѓаните. Во голем дел од бензнските се прави и кафе, па така неколку граѓани реагираа на социјалните мрежи дека било зголемено присуство на луѓе на бензинските пумпи.
,, Вечерва, во 22.10 часот, на бензинската пумпа на Макпетрол во Карпош 3 глетката беше поразителна. Неодговорното однесување на некои граѓани е несфатливо, но исто така е несфатливо и однесувањето на раководството на Макпетрол кое треба да се ангажира во заштита на здравјето на своите вработени. Фотографиите направени пред половина час покажуваат дека македонските граѓани се крајно несериозни кон своето и туѓото здравје, што е за секоја осуда“–објави на својот ФБ профил, Јорго Огненвски, претседател на партијата Демократи.