Иако најавено се уште нема одлука кога ќе бидат отворени рестораните и кафеаните. Неколку пати беше најавувано но се уште нема конечна одлука. Последната најава е за среда но и тоа е неизвесно. Со цел да се чуе гласот на угостителите но и да повикаат на поскоро отварање кафеанџиите одлучија да повикаат на музика: Утре Вторник од 12 до 18 часот сите да ги пуштат на најјако звучниците во локалите и да повикаат на отворање.
“По продолжениот карантински викенд, ги повикуваме сите сопственици на угостителски објекти од утре во сите локали да се извади по некој звучник и да се пушти музика. Целта е да покажеме дека сме тука и полека да привлечеме внимание и да ги разбудиме луѓето и одговорните. Исто така, ќе извршиме дополнителен притисок, дека сме подготвени за поскоро отварање. Ве повикуваме сите заедно утре точно од 12- 18 часот да пуштаме музика, секој по свој избор и да покажеме единство, се вели во писмото на дел од сопствениците на угостителските објекти.