Од утре отвораат и угостителските објекти. Тие ќе можат да примат гости на отворениот дел од нивниот објект и строго да ги почитуваат протоколите за работа.
-Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, но ќе треба да ги исполнат препораките за дистанца и заштитна опрема, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Работното време на угостителите ќе биде до 20 часот, посочи миностерот.
Тој додаде дека другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките.
– Ние имавме подготвен протокол од комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор – рече Бектеши.