Осомничената Катица Јанева е во лоша здравствена состојба и ѝ било одобрено денеска да оди на кардиолошко-интернистички преглед во болницата „Жан Митрев“, .дознава Либертас од извори од судот.
За Либертас од Жан Митрев оваа информација не ја потврдуваат бидејќи такви информации не споделувале со јавноста.
Од нејзината одбрана велат дека се апсолутно неточни информациите дека таа барала спогодба за случајот „Рекет“, во кој е осомничена за злоупотреба на службената положба.
Вилма Русковска денеска ќе поднесе обвинение за истрагата за „Рекет“ и ќе побара продолжување на мерката притвор за Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Таа вели дека остануваат истите квалификации за осомничените.