Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по една недела молк и криење, денеска се појави во просториите на СЈО.
Во изјава за медиумите Јанава истакна дека го охрабрува обвинителството да го расчисти случајот „Рекет“ до крај.
-Од моментот на мојот избор, бев цел на различни озборувања и инволвирање на политичките партии и нивните препукувања. Не се жалам, свесна бев дека секојдневно ќе бидам на напад. Тоа беше сериозна чест и одговорност. Дозволете да ви се извинам што оставив простор и не се појавив во јавноста. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч – изјава Јанева и додаде:
-Точно е дека многу лица од јавниот и политичкиот живот се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека на дневна основа комуницира со лицето, кое е осомничено, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена должност за да остварува привилегии и незаконити дејства, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите информации, со кои како што рече, „некој се обидува да им нашетети на мојот углед и чест“.