Катица Јанева на празничен викенд надвор од Идризово си пазари во маркет (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешната специјалната обвинителка, Катица Јанева, искористи празничен викенд за Велигденските празници. Таа излегла од затворот Идризово во кој ја издржува затворската казна, а „Телма“ ја „улови“ како пазарува во еден скопски маркет.

Од Управата за извршување санкции велат дека ја добила оваа погодност на 23-ти април, а вчера имала обврска да се врати во Идризово.

Ваквата мерка ѝ следува по закон кој дозволува отпуст на затвореници по одлежана 1/3 од затворската казна, која за Јанева беше досудена на 7 години.

Таа е осудена за случајот „Рекет“ заедно со Бојан Јовановски кој е осуден на 9 години затвор и Зоран Милевски – Кичеец кој призна вина и доби 3 години.

Катица Јанева првпат искористи ваква мерка за новогодишните празници, а до сега добила уште еден излез на 7 часа во февруари оваа година.

Фото: Телма

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com