Одложено е судењето „Катица Јанева против Бојан Јовановски“ поради хируршкиот зафат врз Боки 13.
Јанева го сомничи Боки13 дека во временски интервал од неколку месеци, тој тајно ја снимал и фотографирал. Овие фотографии подоцна беа искористени и како докази против Јанева во предметот Рекет, за што таа доби седумгодишна затворска казна. Адвокатот на Јанева посочи дека станува збор за 22 фотографии кои тој денеска ги достави до судот.
Инаку, Јанева повеќе не е во Скопје. Куќен притвор го издржува во родната Гевгелија.
„Укинување на домашен притвор е побарано, меѓутоа судот одби. Имаше дури жалба од обвинителството. Тие сметаа дека не треба повеќе да опстојува куќниот притвор. Бараа да биде определен притвор, но тоа судот го одби“, рече адвокатот Кадиев.
Наредното рочиште по овој предмет е закажано за 19-ти октомври.
Катица Јанева е првостепено осудена на седумгодишна затворска казна за „Рекет“, а Јовановски на казна затвор од девет години.