Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која од пред два дена е во притвор во затворот „Скопје“ кој се наоѓа во Шутка е во лоша здравствена состојба, објави „Скопје1.мк“.
Според извори на порталот Јанева била во лоша здравствена состојба уште пред да замине во истражниот затвор. Таа во континуитет прима антидепресиви за смирување, а има и проблеми со крвниот притисок. Во „Шутка“, пишува во текстот на Скопје1.мк, била на преглед и кај затворскиот лекар.
Инаку, брзата помош интервенираше и кога Јанева беше на распит во Кривичниот суд, а на проблеми со здравјето се пожалила и кога отпатува на погребот на мајка си во Гевгелија. Јанева присуствубаше само на простувањето во капелата, а потоа, по половина час, со полициска придружба беше вратена во затворот во Скопје.