Патнички авион на „Етиопијан ерлајнс“ со 149 патници и 8 членови на екипажот, се урна на лет од Адис Абеба кон Кенија.
Авионот го загубил контактот набрзо по полетувањето во 08:38 часот. Во авионот имало 149 патници и 8 членови на екипажот. Во тек е операцијата за пребарување, но според последните информации нема преживеани.
Уште еден инцидент што се случи, овој пат со авион на „Туркиш ерлајнс“ кој безбедно слета на њујоршкиот аеродром, по сериозни турбуленции во кои повќе од 32 лица завршија со повреди.Авионот летал од Истанбул кон Њујорк, а турбуленциите почнале 45 минути пред слетувањето на Џон Кенеди аеродромот. Десет повредени патници биле згрижени во болница, а на останатите им била пружена помош на аеродромот.