Манекенката Катарина Ивановска пред неполн месец стана мајка по вторпат и на свет ја донесе ќеркичката Кира, а не и требаше да помине многу време за да се активира и да ја изнесе својата малечка наследничка надвор и да ја замеша меѓу народ.
Викендов излегоа на прошетка низ старата скопска чаршија заедно во баба Вера, мајката на Катарина, која за фотогорафијата напиша: „Три генерации, баба, мајка, ќерка на семеен викенд“.