Македонската манекенка и топ модел Катарина Ивановска по втор пат ќе стане мајка.
Иако се уште е во раната бременост, Катарина, покрај обврските дома, ангажирана е и за снимање на модни брендови. Таа деновиве беше да ја снима фотосесијата за „Парос“ во Грција, моден бренд со кој подолго време соработува.
Инаку Катарина и Цобе веќе го имаат синот Вања кој во мај ќе наполни две години.