Македонскиот топ-модел, Катарина Ивановска, се појави на насловната страница на јануарското издание на списанието „Ел“ Србија.
И Катарина, како повеќето личности што се занимаваат со јавна професија, заради пандемијата немаше ангажмани, но сликањето за „Ел“ дојде како освежување пред новогодишните празници.
Инаку, откако пред една година се породи со ќерката Кира, ова е еден од првите модни ангажмани на Катарина.