Манекенката Катарина Ивановска и поранешниот кошаркар, а сега претседател на КФМ, Перо Антиќ, веќе некое време се во емотивна врска. Тие двајца никогаш јавно не проговорија на оваа тема, освен што минатото лето манекенката во куса изјава за „Бекстејџ“ откри дека се среќни заедно.
Двојката деновиве ужива на заедничкото летување во Бодрум, а Катерина сподели неколку фотографии од плажа, а посебно внимание привлече онаа на која Катарина лежи на грбот на непознат маж. Во едно од понатомошните сториња откри дека тоа е Перо Антиќ, бидејќи на својот профил го сподели сторито на кое тој претходно ја имаше означено.