Каролина Куркова ги засени присутните во Кан: Вака изгледа жена која не ги брои своите години (ФОТО)

by Тони Зографски

Каролина Куркова, чешки супермодел и поранешен ангел на „Викторија сикрет“, ги воодушеви присутните на 78-от Кански филмски фестивал.

Кога 41-годишната Куркова се појави на црвениот тепих во Кан, во спектакуларен црн фустан од Стефан Роланд, беше јасно дека зад тој сјај не стојат само добри гени, туку и постојана грижа.

Каролина Куркова не е роб на трендовите за убавина. За нега на лице, таа користи докажани природни методи: кокосово масло, овесна каша и серум со витамин Ц.

„Мојата кожа не сака компликации. Колку поедноставно, толку подобро“, рече таа во едно интервју.

Нејзината шминка е „тивка револуција“ – сè е таму, а како да нема ништо. Лесна подлога, четири различни маскари за совршен волумен, веѓи обликувани со прсти и црвен кармин што го носи како симбол на самодоверба.

„Тој еден црвен кармин може да каже сè, без да прозборам“, рече таа за нејзиниот препознатлив знак.

Косата ја негува со природни масла, минимално ја стилизира и повремено има третмани на база на протеини. Нејзиното главно правило за коса е – помалку топлина, повеќе нега.

На Кан 2025, Каролина не само што носеше совршени фустани, туку остана верна на својот стил. Кроеви што ја следат линијата на телото, детали што раскажуваат приказна, и навидум без многу труд – ова е нејзиниот моден потпис. Никогаш премногу, но ни недоволно.

Во секојдневниот живот сака да комбинира машки кроеви со сензуални женствени парчиња.

„Модата е игра. И нема погрешен потег кога играш од срце“, вели Куркова, која е пример за тоа како грижата за себе и внатрешниот мир можат да ве направат да изгледате како да имате 25 години – а всушност имате 41 година.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com