Каролина Гочева го поддржа својот сопруг, уметникот Михаил Корубин на изложбата која се одржа сношти. Корубин одржа изложба со наслов “Без наслов” а неговите дела беа прикажани во објектот Мала станица во Скопје. Каролина објави фотографија на нејзиниот Инстаграм профил. По сликите се гледа дека Каролина му е секогаш инспирација на Корубин.
Насловната фотографија на новиот албум на Каролина “Извор” е дело токму на Корубин. Пејачката ќе одржи два концерта во Македонската филхармонија, на 15 и на 16 февруари по повод денот на љубовта и на виното.