Каролина Гочева е во Њујорк како поддршка на нејзиниот сопруг Михаил Корубин кој на 18 април ќе приреди изложба во галеријата МС- Њујорк. Каролина го искористи престојот во Њујорк за прошетка на Менхетен. Таа облечена во џемпер со овошни апликации и со црвени наочари за сонце се прошета низ најпознатата њујоршка улица Сохо.
Интересно е што Каролина е инспирација на сликите што ќе бидат изложени, а нејзина слика насликана од сопругот Корубин се најде и на нејзиниот последен албум.
Каролина на својот Инстаграм профил објави фотографии од подготовките на изложбата, а на една од нив е и таа пред нејзината омилена слика “Анима“.