Каролина Гочева заедно со нејзиниот сопруг Михаил Корубин продолжуваат со престојот во Америка. Откоко Михаил имаше изложба во Њујорк популарниот македонски пар дојде во Калифорнија, поточно во Лос Анџелес.
Нашата музичка дива на својот Инстаграм профил постави свои фотографии од познатата улица “Родео Драјв“. Под фотографиите Каролина напиша:
– Уште неколку сончеви денови.
Таа од своите следбеници доби позитивни коментари за својот изглед, а особено и ги пофалија нејзините чевли.