Највеселиот карневал на светот, кој започна на 1 март и ќе трае до 9 март, а кој секоја година традиционално се одржува во Рио, привлече оваа година дури седум милиони туристи од целиот свет. Градот е преплавен од маскирани учесници, а започна со фасцинантни улични паради кои го привлекоа вниманието на туристите ширум светот.
Почетокот на карневалот доцнеше неколку часа, бидејќи пожарникарните служби морале да извршат детална инспекција на прочуениот самбодром за да спречат секаква можна трагедија.
Полицијата е особено внимателна за време на карневалот. Околу самободромот има големо обезбедување, а особено се надгледува ситуацијата во сиромашните предели, каде главниот збор го имаат нарко-дилерите. Во јануари е забележан голем раст на насилство.